Мбапе има услов за трансфер во Реал, но тоа ќе значи заминување на Азар

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој е на мета на Реал Мадрид, наводно најавил дека ќе прифати да замине во Реал, но само ако игра како лево крило. Се верува дека Реал со сите сили ќе тргне по него летово, шпанскиот првак во Мбапе гледа свој лидер за во иднина.

Мбапе сака да игра на позицијата на која во Реал се прослави Кристијано Роналдо, но ако Реал му ја исполни желбата, ќе има еден друг проблем. Што да се прави со Еден Азар и Винисиус кои сега најчесто играат како леви крила?

Реал за Азар во летото 2019 година плати над 100 милиони евра, мислеа дека Белгиецот ќе биде новиот Кристијано, но тоа не се случи. Напротив, Азар е големо разочарување, а и глава не може да крене од бројните повреди. Тешко дека Азар би прифатил да биде резерва, а и тешко дека може да игра добро на некоја друга позиција. Винисиус е млад и често е стартер, но затоа што Азар се мачи со повреди. Кога би дошол Мбапе, Бразилецот би бил резерва.

Најверојатно Азар ќе треба да биде продаден, иако тоа во моментов не е опција, особено не ако Зинедин Зидан остане тренер и во следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести