Мбапе испиша историја и покажа дека тој е блескавата иднина на светскиот фудбал

Килијан Мбапе со хет-трик му донесе победа на ПСЖ во дербито против Монако, во мечот по кој „светците“ ја прославија новата титула во француското првенство. Со овие три гола, Мбапе стигна до 30 погодоци во првенството и тој е првиот играч по легендарниот Жан Пјер Папен, кој постигнал 30 погодоци во една сезона во Франција.

Освен Мбапе, сезонава само уште Лионел Меси има над 30 погодоци во топ 5 лигите во Европа, што значи дека тоа се двајцата главни кандидати за Златната копачка. Мбапе, кој има само 20 години, синоќа стигна до петиот хет-трик во кариерата. Три хет-трика има како играч на Монако, а двапати го направи тоа во дресот на Пари Сен Жермен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести