Мбапе мора да го напушти ПСЖ за да доминира со светскиот фудбал

Нема сомнежи дека Килијан Мбапе ќе ги наследи Кристијано Роналдо и Лионел Меси на главната сцена кога виртуозите ќе одлучат да ги обесат копачките на клин по сите изминати години во кои доминираа. Но, за да доминира на сите полиња, Мбапе ќе мора да го напушти ПСЖ, смета Лука Модриќ, ѕвездата на Реал Мадрид.

„Мбапе има сè што е потребно за да биде најдобар фудбалер во светот и да доминира во блиска иднина. Сепак, сметам дека мора да игра во лига каде што неговиот тим нема лесно да ја освојува титулата“, посочи Хрватот.

Златната топка од 2018 година е во право. Мбапе со ПСЖ доминира во Франција, но не и на меѓународната сцена. Сезоната во Лига 1 не се доигра, а Светците беа прогласени за шампиони бидејќи пред прекинот имаа убедлива двоцифрена предност на табелата во однос на Олимпик Марсеј.

Мбапе долго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а евентуална преселба на „Сантијаго Бернабеу“ може да му помогне да се закити со бројни индивидуални одличја, по примерот на Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести