Мбапе откри како може да дојде во Реал Мадрид

Килијан Мбапе постигна хет-трик на синоќешниот дуел против Монако, во кој Пари Сен Жермен ја одбрани титулата во француското првенство. Младиот 20-годишен напаѓач е само вториот играч по Лионел Меси кој сезонава стигнува до бројката од 30 погодоци во топ 5 лигите.

Веднаш по прославата на титулата со ПСЖ, сите ги интересираше дали Мбапе и следната сезона се гледа во тимот на францускиот првак или ќе се исполнат шпекулациите дека од налето ќе го облече дресот на Реал Мадрид.

„Останувам во ПСЖ. Се приклучив на тој проект и сега сум дел од него. Среќен сум што Зидан се врати во Реал, но таму може да заминам само како обожавател“, рече Мбапе.

Пред еден месец беше најавено дека Реал Мадрид ќе понуди 280 милиони евра за трансфер на Мбапе и дека целата работа ќе ја заврши Зидан. Актуелниот договор на францускиот голгетер со ПСЖ е до 2022 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести