Мбапе побрз и од Болт! Трчаше со 40 км на час на дуелот против Монако (Видео)

Килијан Мбапе синоќа одигра уште еден блескав меч и даде три гола во победата на ПСЖ против Монако. Мбапе беше буквално незадржлив за својот поранешен клуб. Освен фудбалската техника, Мбапе ја покажа и својата физичка подготвеност, па во еден момент додека трчаше на теренот, му беше измерена брзина од 40 километри на час.

Посебно неверојатен беше Килијан при постигнување на првиот гол во 15-тата минута, по асистенција на Дијаби. Мбапе успеа да ги претрча двајцата противнички играчи кои се обидуваа да го сопрат и успеа да даде гол.

Колку за споредба, најбрзиот човек во светот, Јусејн Болт во просек трча со брзина од 36,7 километри на час, што значи дека фудбалерот на ПСЖ во еден момент бил побрз и од просечната брзина на легендарниот спринтер.

- Оглас -

Најнови вести