Мбапе се скара со Леонардо, ги прекина преговорите со ПСЖ и замина на одмор

Килијан Мбапе се скарал со спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, и преговорите за нов договор на големата ѕвезда на Светците се прекинати.

Актуелниот договор на напаѓачот со ПСЖ истекува идното лето. Мбапе, кој е трагичарот на Франција по промашениот пенал против Швајцарија, што ги елиминира светските прваци во осминафиналето на ЕП, сака да си замине.

И прво замина на 15-дневен одмор, а потоа веројатно следна дестинација ќе биде Мадрид и трансфер во Реал. Такво сценарио најавија француските медиуми, иако се чинеше дека ПСЖ ќе успее да ја задржи фудбалската ѕвезда што ја плати околу 180 милиони евра при преселбата од Монако во Париз во 2018 година.

Тогаш ПСЖ одлучи да ја плати отштетата за Мбапе, откако Килијан една сезона претходно пристигна во Париз како позајмен играч од Монако.

Тоа е вториот најскап трансфер во историјата на фудбалот, зад трансферот на Нејмар, исто така во ПСЖ, но од Барселона за 220 милиони евра во 2017 година.

 

- Оглас -

Најнови вести