Дефанзивецот на второлигашот Блекбурн, Тајлер Маглоир, е фудбалерот за кого се верува дека е побрз дури и од супер-талентираниот офанзивец на ПСЖ, Килијан Мбапе. Французинот во понеделникот постави светски рекорд со брзина од 40 километри на час, односно 10,55 метри по секунда во победата над Монако од 3-1, но Маглоир бил побрз од него за половина секунда.
„Ни постои фудбалер што може да го победи во трка“, тврди менаџерот на Блекбурн, Тони Моубреј.
Со максимална брзина од 10,6 метри во секунда, дваесетгодишниот Маглоир воедно стана и најбрзиот фудбалер во Англија, надминувајќи го рекордот на Џошуа Кинг, сегашниот член на Борнмут, кој истрчал 10,2 метри во секунда.