ПСЖ ги доби првите 90 минути од мегадвомечот против Барселона со убедливи 4-1 на „Камп ноу“. Францускиот првак во Париз ќе се врати со голема победа и со речиси сигурен пласман во топ 8 фазата откако Килијан Мбапе имаше свое шоу во домот на Каталонците и блесна со хет-трик.
Светците и тоа како добро се снајдоа, иако во тимот на Покетино ги немаше клучните Нејмар и Ди Марија. Домаќините беа тие кои го отворија дербито со погодок од пенал на Меси во 28-мата минута, но само четири минути подоцна, Мбапе го даде првиот од трите гола на мечот.
Тоа беше најава за уште повозбудливо второ полувреме, во кое ПСЖ издоминира резултатски. Мбапе до 85-тата минута го комплетира хет-трикот, а во меѓувреме и Кен се запиша во листата на стрелци, кој погоди за водство од 3-1 во 70-тата минута.
Претходно во два наврати покажа дека може да погодува со послабата лева нога, а за хет-трикот Мбапе испрати мајсторски удар со многу ефект и го погоди подалечниот агол од рамките на голот од Тер Штеген за конечни 4-1.
https://twitter.com/Fastgoal2/status/1361793528096038915
Ливерпул со една нога е во четвртфиналето од Лигата на шампионите, по триумфот од 2-0 против Лајпциг во мечот кој се одигра на неутрален терен, „Пушкаш арената“ во Будимпешта.
Англискиот шампион беше во улога на гостин, па затоа погодоците на Салах и Мане во 53-тата и во 58-та минута и тоа како гарантираат место во топ 8 фазата за екипата на Јирген Клоп.