Се тресе клупата на Симоне Инѕаги во Интер, а според италијанските медиуми, следната недела е клучна за иднината на овој стручњак како тренер на Нераѕурите. Дуелите со Барселона и Сасуоло кои се играат во наредните девет дена се клучни дали Инѕаги ќе остане тренер на Интер.
Против Каталонците ќе им биде многу тешко да победат на еден од двата меча, но Сасуоло изгледа ќе мора да го добијат за Инѕаги да остане тренер.
Интер има по четири победи и порази во осумте кола во Серија А, ситуацијата е загрижувачка, па сега тренерот е под голем притисок.
Договорот на Инѕаги е до 2024 година, но наскоро може да добие отказ. Еден од главните кандидати кои се спомнуваат како иден тренер на Интер е Србинот Дејан Станковиќ, кој неодамна си замина од Црвена ѕвезда. Станковиќ е во комбинација и за клупата на Сампдорија, која вчера го разреши тренерот Марко Џампаоло.