Мечот на годината решен во 100 минута (Видео)

Во турското првенство речиси и да нема викенд без драматични дуели. Коњаспор беше домаќин на Касимпаша, а на крајот средбата заврши со неверојатен резултат, 4:4.

Гостите поведоа во седмата минута, а до полувремето беше 2:1 за домаќините. Касимпаша израмни на 2:2 во 46 минута, а по еден час игра, резултатот беше 3:3.

Се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат кога во судиското надополнување се случи нова драма. Мабил погоди за 4:3 за гостите во 90+1 минута, но тоа не беше крај. Судијата дозволи да има дури 10 минути дополнително време, а токму во 100-тата минута, Коњаспор даде гол за конечни 4:4.

https://twitter.com/i/status/1494736424331100164

- Оглас -

Најнови вести