Медо го „изеде“ Саша, за Мастерс титула во Шангај

Данил Медведев е победник на Мастерсот во Шангај, откако во финалето за само 73 минути игра го совада Александер Зверев со 6-4, 6-1, и покажа дека во моментов е еден од најдобрите тенисери на светот. Иако за фаворити на турнирот важеа Ѓоковиќ и Федерер, тие испаднаа прерано, па Медведев продолжи со добри игри и резултати.

За популарниот Медо кој ќе освои 1.000 поени и ќе заработи повеќе од 1,3 милиони долари, ова е 13-то финале, шесто по ред,  и седма АТП титула во кариерата, а годинава му е втора титула на Мастерсите, откако славеше и во Синсинати.

Ниту еден друг тенисер нема 59 победи како Медведев, а последните девет триумфи му беа без загубен сет. Тој од утре ќе избие на трето место, пред Роџер Федерер на АТП трката (каде што се сметаат само резултати од оваа година), а четврти е на АТП листата.

- Оглас -

Најнови вести