Данил Медведев знае кога да победи и го освои првиот гренслем-пехар во кариерата на денот кога стапил во брак со својата сопруга Дарија.
По победата од 3:0 во финалето против Новак Ѓоковиќ, во победничкиот говор Медведев откри што ќе ѝ подари на Даша.
„Си помислив ако загубам во финалето, ќе нема време да ѝ купам подарок на сопругата за годишнина од бракот. Затоа морав да победам. Те сакам Даша и ви благодарам на сите“, рече во емотивниот говор новиот шампион во Њујорк.
https://twitter.com/usopen/status/1437189164697489410?s=20
Медведев го играше третото гренслем-финале и за првпат успеа да победи, а патем го спречи Новак Ѓоковиќ да го повтори подвигот на Род Лејвер од пред 52 години и да ги освои сите четири гренслема во иста година.
Патем, Ѓоковиќ не успеа да стигне и до рекордната 21-ва титула на најценетите светски тениски турнири, со што ќе ги минеше Роџер Федерер и Рафаел Надал на вечната листа, па останува билансот од по 20 пехари за сите тројца тениски волшебници.
По мечот, и Ѓоковиќ имаше емотивен говор при кој се расплака, а публиката во Њујорк го поздрави со овации.