Мегваер е пуштен на слобода, се обидел да ја поткупи полицијата

Хари Мегваер е пуштен на слобода по тепачката на Миконос, во која учествувал пред ноќен клуб, но се соочува со сериозни обвиненија.

Најскапиот дефанзивец во историјата на англискиот фудбал според записникот што го составиле полицајците кои реагирале на повикот да го спречат инцидентот и тепачката меѓу две групи англиски туристи, меѓу кои бил и Мегваер е запишано дека фудбалерот се однесувал агресивно и се обидел да ги поткупи полицајците.

Вчера беше објавена и снимка за која се тврди дека е од тепачката пред локалот во која учествувал и Мегваер.

Манчестер јунајтед го купи стоперот лани во јули за рекордни 70 милиони фунти, што ги уплати во касата на Лестер.

Засега стоперот на англиската репрезентација воопшто не ги оправда очекувањата и огромната сума што Црвените ѓаволи ја платија за него и постојано е на мета на критики во Англија.

Сега направи и голема беља надвор од терен, со учество во инцидентот и тепачката на Миконос, а има и сериозни обвиненија за кои се оди и во затвор.

- Оглас -

Најнови вести