Мегваер ќе добие поголема плата, ама дефанзивецот ќе добие и еден тежок удар од Тен Хаг

Хари Мегваер ќе остане во Манчестер јунајтед, а во сезоната што следи ќе добива поголема плата. Дефанзивецот досега имаше годишна плата од 10,6 милиони евра, а од следната ќе зема по 12 милиони затоа што е активирана клаузула со која платата автоматски ќе му се зголеми ако тимот обезбеди место во Лигата на шампионите.

За многумина ова е неверојатно ако се знае дека Мегваер имаше лоша сезона, ретко играше, а кога беше на теренот, често правеше големи грешки поради кои Црвените ѓаволи дури и губеа мечеви.

Според најавите од англиските медиуми, Мегваер сепак нема да го има истиот статус во клубот како лани. Се очекува во следните неколку дена, тренерот Ерик тен Хаг да му ја одземе капитенската лента на Мегваер, кој официјално беше прв капитен минатата сезона.

Ако се знае дека од клубот си заминува и Давид де Хеа кој беше заменик капитен, се очекува приматот за предводник на теренот да му биде дадена на Бруно Фернандеш. Португалецот и во минатата сезона често беше капитен, но тоа беше кога на теренот ги немаше Мегваер и Де Хеа.

 

- Оглас -

Најнови вести