Мегваер: Нема да седам тука цел живот за да играм еднаш во месецот

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, кој е најнеомилен фудбалер кај навивачите на Црвените ѓаволи, се закани дека ќе си замине од „Олд Трафорд“ уште во зимскиот преоден рок доколку не се промени неговиот статус во клубот.

На почетокот од сезоната менаџерот Ерик тен Хаг му ја одзеде капитенската лента, а дуелот против Брентфорд, кој се играше минатиот викенд, му беше прв на којшто играше од првата минута.

Но, повеќе од сигурно е дека повторно ќе се врати на клупата бидејќи Рафаел Варан закрепна од повредата и ќе биде во комбинација за настап на следниот натпревар.

„Нема да седам тука цел живот за да играм еднаш во месецот. Ако продолжи вака, сигурен сум дека ќе седнам со луѓето од управата, не е моја одлука дали ќе бидам во првиот тим на Јунајтед или не на следниот натпревар. Сакам да играм на натпреварите и да се чувствувам дека сум важен дел од тимот. Во овие моменти не играм колку што сакам. Мојот учинок под палката на овој тренер, зборува сам за себе. Мојот процент на победи кога играв е многу висок и ако ги погледнете моите 15 до 20 настапи за репрезентацијата и Јунајтед, навистина сум задоволен од игрите“, изјави Мегваер.

- Оглас -

Најнови вести