Мегваер повторно беше во „елемент“, но Саутгејт го брани: „Тие што го напаѓаат се идиоти“

Хари Мегваер е „омилен“ лик за многу шеги во светот на фудбалот. На дуелот против Украина му направи блок на својот играч и Англија прими погодок, а на натпреварот против Шкотска си постигна автогол. Тоа беше одлична причина за нови шеги на негова сметка по социјалните мрежи, но и на стадионот во Глазгов.

„Беше одличен на натпреварот против Украина викендот. Ваквата реакција е последица од идиотите кои направија ваква атмосфера. Одлично е што нашите навивачи го бранеа, тоа треба да го правиме сите. Им правиме проблем на нашите играчи. Некои текстови, коментари, тоа е само за да го исмејуваат. Секогаш можевме да се потпреме на него во времето на најголемите успеси на англискиот фудбал“, вели селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт.

 

 

- Оглас -

Најнови вести