Мегваер се заборавил од јадење и пиење – Направил сметка од 70 илјади евра, ако плати уште стотка плус ќе избегне затвор

Хари Мегваер и неговото друштво имале повеќечасовен маратон со јадење и пиење во барот каде потоа учествуваа во тепачка и голем инцидент, што го доведе познатиот фудбалер на Манчестер јунајтед и до притвор.

Англиските медиуми објавија дека капитенот на Црвените ѓаволи направил ѓаволски висока сметка од 70 илјади евра и ќе мора да ја плати, а неофицијално ако доплати уште околу 100 илјади евра може да го избегне обвинението за напад на полицаец и обид за поткуп.

Инцидентот наводно настанал откако група на англиски туристи постојано му довикувале на Мегваер обраќајќи му се со погрдни зборови и песни.

Настанала мешаница во која сестрата на фудбалерот била расечена со нож, по што збеснал Мегваер и почнал да тепа се пред себе.

Во инцидентот е удрен и полицаец, според записникот токму од Мегваер, а потоа англискиот репрезентативец се обидел да го поткупи за да не добие тужба.

Според грчките закони Мегваер може да добие тригодишна казна затвор, но веројатно се ќе мине со солена парична казна од над 100 илјади евра, што е помалку од половина сума што неделно ја заработува стоперот на Манчестер јунајтед.

Дозволено му е да се врати во Англија откако мина две ноќи во притвор, но ќе мора повторно да се појави во суд за два дена.

 

- Оглас -

Најнови вести