Мегваер таман се разигра, пак му се смеат (Видео)

Хари Мегваер повторно имаше чуден потег за кој веќе му фаќаат сеир на социјалните мрежи, а вечерва на британското дерби со Велс имаше центаршут што не беше упатен никому и заврши паралелно со него во аут на спротивната страна.

Мегваер одлично ги одигра првите два меча за Англија на Мундијалот откако подолго време му се потсмеваат за еден куп киксови што ги правеше во дресот на Манчестер јунајтед.

Англија моментно по 75 минути игра, води против Велс со 3:0 и ќе го освои првото место во Б групата со 7 бода.

Тоа значи дека Гордиот Албион ќе игра против Сенегал во осминафиналето на СП во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести