Мекени позитивен на ковид-19, целиот тим на Јувентус во карантин

Нови проблеми за италијанскиот првак Јувентус. Целиот тим, вклучувајќи го и резервниот до 23 години, е сместен во карантин откако во редовите на Бјанконерите се потвртија позитивни случаи на ковид-19. Претходно се зарази Кристијано Роналдо, кој денес отпатува за Торино, каде што ќе го доврши карантинот.

Вестон Мекени, летната аквизиција, е позитивниот играч од составот на Пирло, додека во резервната екипа има два позитивни случаи, играч и член на стручниот штаб.

Веднаш се поставува прашањето што ќе биде со дуелот на Јувентус против Кротоне од четвртото коло. Дали Серија А ќе го одложи или пак ќе се постапи како во случајот со дербито против Наполи, кога екипата на Џенаро Гатузо поради активни случаи (еден од нив беше Елмас) доби забрана да патува во Торино, па така дербито не се одигра, а на Наполи му се заканува службен пораз од 3-0.

- Оглас -

Најнови вести