Мекрегор го прозва Волкановски, шампионот експресно му одговори

Најголемата ММА ѕвезда, Конор Мекрегор, одлучи повторно да упати провокација на сметка на УФЦ шампионот во перолесна категорија, Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски.

На Ирецот, кој повеќе од две години се нема борено во октагонот, му смета тоа што Волкановски е високо на ранг-листата на „паунд фор паунд“ борци во УФЦ.

„Тој мал колбас Волкановски дефинитивно не е „паунд фор паунд“ број еден (Џон Џонс е број еден н.з.). Лудост. Тоа би била брза работа за мене, 100 отсто прецизен. Тој е предвидлив, лесно е да го погодиш и лесно да го зашеметиш. Сепак, ми се допаѓа тоа што е шампион, би требало во некој момент да се бориме бидејќи тоа би било пресметка меѓу двајцата најдобри во историјата во перолесна категорија“, порача Мекрегор.

Одговорот од Волкановски дојде експресно.
„Ајде да го направиме тоа на УФЦ 300“,напиша Волкановски, на својот профил на „Твитер“.

- Оглас -

Најнови вести