Мекгрегор најплатен спортист во изминативе 365 дена (фото)

Конор Мекгрегор е најплатен спортист во периодот од мај 2020 до мај годинава според „Форбс“. Ирскиот борец и поранешен УФЦ шампион во изминатите 365 дена инкасира 180 милиони долари од борби, спонзорски договори и останати бизниси, оставајќи ги зад себе двете најголеми фудбалски ѕвезди.

Зад Мекгрегор е Лионел Меси со 130 милиони долари заработка, а на третото место е Кристијано Роналдо со 120 милиони долари. Границата од 100 милиони долари ја надмина уште квотербекот на Далас каубојс, Дак Прескот, кој инкасира 107,5 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести