Мекгрегор обвини дека Махачев победил со нелегален удар, па ја избриша објавата

Некогашниот УФЦ шампион во две категории, и еден од најпопуалрни борби на светот, Конор Мекгрегор, смета дека нокаутот на рускиот шампион во лесна категорија, Ислам Махачев, против Александар Волкановски, не е чиста.

Синоќа во Абу Даби, Махачев после само три минути борба го нокаутираше Волкановски, откако му зададе силен удар со нога во главата, а потоа го докрајчи со серија удари со левата рака. Мекгрегор има замерка токму за овој дел кога веќе се виде дека Волкановски е немоќен.

„ММА е тежок спорт за судење и оценување. Тешко е да запреш една борба и да издадеш предупредување или казна во момент кога Волкановски практично е надвор од битката. Но, основа за такво нешто имаше. Некој треба да има грижа на совест. Ќе бев задоволен ако судијата го казнеше Махачев. Удари во задниот дел од главата не се коректни“ – порача Ирецот, кој потоа ја избриша објавата, нешто што го прави често.

Мекгрегор последен пат се бореше во јули 2021 година, а се очекува во првата половина од 2024 година да се појави во октагонот и да се соочи со Мајкл Чендлер кој е предизвикувач во лесна категорија.

- Оглас -

Најнови вести