Мексикански третолигаш објави дека го ангажирал Кристијано Роналдо (Фото)

Фудбалскиот клуб Тлакскала којотес објави дека нивен нов член е напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо. Којотите се мексикански третолигаш и секако оваа „информација“ е само нивна шега, а никако и реалност.

„Кристијано, наш команданту, гледаш ли колку убаво ти стои дресот на Којотес? Луѓе, побарајте од Јувентус да одговори на нашиот повик“, напишаа од Тлакскала.

По елиминацијата на Јуве од ЛШ, Роналдо со семејството замина на летен одмор, а се појавија шпекулации дека неговиот агент Жорж Мендеш наводно почнал разговори со претставници на ПСЖ околу евентуален трансфер од италијанскиот во францускиот првак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести