Менаџерот на Њукасл со гаф на денот: Го баравме Нејмар, но не успеавме

На Стив Брус, менаџерот на Њукасл, му припадна гафот на денот во последните часови од зимскиот трансфер-пазар.

Англискиот стратег мангупски одговори на прашањето дали клубот имал обиди да го ангажира Идриса Гана Геје, играчот за врска на ПСЖ.

Наместо да ги отфрли шпекулациите, Брус посочи дека го барал Нејмар, нормално одговорот беше саркастичен.

„Не Геје, туку го баравме Нејмар, но не успеавме да го ангажираме“, со насмевка одговори Брус.

- Оглас -

Најнови вести