Менаџерот на Саутхемптон, Тонда Екерт, ја презеде одговорноста за шпионскиот скандал поради кој неговиот тим синоќа беше исфрлен од финалниот плејоф за промоција во Премиер лигата и беше заменет со Мидлсборо.
Според „Телеграф“, главниот аргумент во одбрана на германскиот стратег бил дека практиката на шпионирање е широко распространета на континентот и дека тој немал намера да ги прекрши правилата во англискиот фудбал. Како што е познато, до казната од исфрлање од плејофот и одземање четири бода за следната сезона се стигна откако Саутхемптон шпионирал три противници оваа сезона, Мидлсзборо, Оксфорд јунајтед и Ипсвич.
Интересно е што Светците не успеале да победат ниту на еден од тие три натпревари.
Во меѓувреме, клубот веќе поднел жалба за казната, која ќе ја разгледува тричлена дисциплинска комисија, но шансите за успех се минимални бидејќи вината веќе е призната.
Од своја страна, Мидлсборо ја поздрави одлуката и истакна дека сега се фокусира на финалниот натпревар против Хал сити на „Вембли“.

