8.8 C
Skopje
понеделник, 15 декември 2025

Менди дури по 170 дена пауза се врати на тренинг, а му предвидуваа отсуство од 10 недели

Реал Мадрид наскоро добива опција плус во одбраната, денеска за првпат по 170 дена пауза тренираше францускиот лев бек Ферлан Менди.

Менди ја повреди тетивата во квадрицепсот на десната нога, на 26 април во првите минути од финалето на Купот на Шпанија против Барселона. А, на 26 октомври, шест месеци подоцна, Реал пак игра против Барса и Менди би можело да се најде во составот.

По повредата и операцијата на Менди, се прогнозираше дека ќе паузира 10-12 недели, но испаднаа многу повеќе.

Кога е во форма, Менди е одличен играч на својата позиција, а за него и Ламин Јамал има кажано дека му е најтежок дефанивец со кој се соочил, но минатата сезона потфрли, па Реал летово го купи Алваро Карерас, кој е неприкосновен стартер сезонава на позицијата лев бек.

- Оглас -

Најнови вести