Мертенс изведе мајсторија, а изразот на лицето му вели „не е лошо“ (видео)

Наполи води со сигурни 3-1 против Кротоне во првиот дел од мечот 29-тото коло од Серија А. Во составот на Гатузо го нема Елиф Елмас, кој чека шанса од клупата за резерви, а напаѓачкото трио Инсиње – Мертенс – Осимен одлично проработе и подели по еден гол во противничката мрежа.

Мертенс со мајсторскиот слободен удар во 34-тата минута го постави моменталниот резултат. Голманот на Кротоне немоќно ја проследи топката во својата мрежа бидејќи немаше никакви шанси да интервенира.

Иако голот е прекрасен, Мертенс делуваше како да не е импресиониран со своите способности.

https://twitter.com/Goalhouse34N/status/1378341040063647744

- Оглас -

Најнови вести