Меси – 648 меча, 563 гола, 33 трофеи – пред точно 14 години Аргентинецот дебитираше за Барса

На 16 октомври 2004 година, Барселона го играше каталонското дерби против Еспаљол на „Монжуик“. Во тек беше 82 минута, кога Барселона направи измена. Тоа беше измена која ја најави промената на светскиот фудбал. На местото на Деко, во игра влезе Лионел Меси.

Гледачите кои биле на стадион на тој меч (34.400 публика), не ни знаеле дека присуствуваат на историска замена, односно дека му посакуваат добредојде во светот на фудбалот на можеби најдобриот на сите времиња.

Од тој ден па до сега, Меси одигра 648 натпревари за Барселона, даде 563 голови, а има и 240 асистенции. Аргенитинскиот виртуоз вкупно 33 трофеи на клупско ниво, а освои и пет златни топки, со што е ко-рекордер заедно со Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести