Лионел Меси останува без трофеј во репрезентативниот дрес. Во полуфиналето од Копа Америка против Бразил, Гаучосите загубија со 2:0, иако во поголемиот дел од мечот напаѓаа, создаваа шанси, но не постигнаа ниту еден гол.
Супер дерби како што е Бразил – Аргентина не може да помине без контроверзии. Меси е разочаран од судењето и верува дека требало да има два пенали за Аргентина, но домашниот терен го спасил Бразил. Капитенот на Аргентина вели дека главнито судија Роди Замбрано требало да побара консултација со ВАР системот во двете спорни ситуации.
„На овој турнир судиите гледаат ВАР за секоја глупост, но во двете ситуации кога за нас требаше да има пенал, ВАР системот како да не постои. Ова е неверојатно. Се надевам дека во иднина ќе се промени тоа, но мислам дека залудно се надевам, бидејќи Бразил во своите раце ја контролира КОНМЕБОЛ и едноставно не смееше да се случи да испадне од Копа“, рече незадоволниот Меси по мечот.
Во двете полувремиња имаше по една сомнителна ситуација по кои Аргентина можеше да добие пенал. Посебно спорна е таа во 70 минута, кога беше фаулиран Агуеро, судијата не досуди ништо, а Бразил во контра напад, за само 20 секунди подоцна го даде вториот погодок.
Спортните ситуации за кои Аргентина бара пенал, може да ги погледнете ТУКА.