Меси: Да беше за пари, ќе отидев во Саудиска Арабија!

Лионел Меси во следната сезона ќе го гледаме како играч на Интер Мајами во првенството на САД. Аргентинецот потврди дека ќе потпише тригодишен договор со тимот на Интер Мајами, со опција по секоја сезона да може да си замине. Меси открива дека има понуди од Саудиска Арабија, но и од повеќе европски клубови, но воопшто не размислувал за такво нешто. Единствено што сакал е да се врати во Барселона, но откако тоа се покажало како невозможна мисија, се решил за нов предизвик.

„Мојот сон беше да се вратам во Барселона, но никогаш веќе не можам да бидам сигурен за тоа што би се случило. Уште добро ја памтам целата ситуација од август 2021 година. Не сакав да им кажам на децата дека се враќаме во Барселона, а потоа тоа да не се случи. Искрено не сум сигурен дали Барселона направи сè што е можно за да се случи договорот. Сигурен сум дека во Барселона уште постојат луѓе кои не сакаат да се вратам во тој клуб затоа што мислат дека тоа би било штетно“, вели Меси, кој додава дека воопшто не размислувал во Европа да игра за некој друг клуб ако тоа не е Барселона.

„Добив повеќе понуди од клубови од Европа, но воопшто не сакав ни да ги разгледувам затоа што мојата единствена идеја за во Европа беше да се вратам во Барселона. Откако пропаднаа преговорите, фокусот ми беше на друга страна. Сакав да испробам нешто поразлично и затоа се одлучив да заминам во Мајами.  Парите никогаш не биле главни за мене. Ако се работеше за пари, ќе потпишев во Саудиска Арабија. Од Барселона никогаш не испратија официјален потпишан предлог за договор“, објаснува Меси по откривањето дека веќе има нов клуб.

- Оглас -

Најнови вести