Меси даде прекрасен гол, Аргентина немаше милост (Видео)

Како подготовка за претстојното јужноамериканско првенство, популарно како Копа Америка, Аргентина одигра пријателски меч против Никарагва. Фаворитот беше убедлив и на крајот победи со 5:1. Никарагва не е противник кој може да биде мерило за силата на Аргентина, но сепак тоа што може да ги радува Лионел Меси и соиграчите е добрата реализација и постигнатите пет голови.

Токму Меси ја отвори серијата погодоци и тоа со прекрасен погодок. Капитенот на Аргентина едностано како сталки ги помина противничките дефанзивци и на крајот погоди за 1:0 во 37 минута. Само една минута подоцна, Меси го даде и вториот гол за 2:0, што беше и резултат по првите 45 минути.

Лаутаро зголеми на 3:0 во 63 минута, десет минути подоцна веќе беше 4:0, a погоди Мартинез. Переира беше стрелец на петиот гол во 81 минута, а Никарагва даде почесен погодок во 91 минута од пенал, кој го реализираше Барера.

https://youtu.be/CCkY2Dou14s

Освен Аргентина, добар контролен меч против Панама одигра Уругвај. Поранешниот двократен светски првак победи со 3:0, а стрелци на головите беа Гомес, Суарес и Валверде.

- Оглас -

Најнови вести