Меси дозна колку меча ќе паузара по добиениот прв црвен картон во дресот на Барселона

Лионел Меси доби суспензија од два меча поради директниот црвен картон добиен во финалето на Супер купот на Шпанија, во дуелот против Атлетик Билбао. Барселона го загуби финалето, откако по регуларниот дел беше 2:2, а во дополнителните 30 минути тимот од Билбао даде гол и на крајот се радуваше на победа од 3:2.

Во последните секунди од средбата, Меси ги загуби нервите и без топка, директно во лицето удри еден противнички играч. Судијата веднаш му го покажа патот кон соблекувалната. За Аргентинецот ова беше прв црвен картон во дресот на Барселона.

Првично се шпекулираше дека капитенот на Барселона може да добие суспензија меѓу четири и 12 средби, но дисциплинската комисија во шпанскиот фудбал се одлучи Меси да паузира само две средби. Тоа значи дека Меси нема да може да игра на дуелот од Купот против Корнења, како и првенствениот меч против Елче.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести