Меси е член на Барселона уште само ЕДЕН час!

Лионел Меси уште само еден час е член на Барселона според договорот кој официјално му истекува по полноќ. Утрешниот ден на Меси ќе му почне како слободен играч, па со таков статус ќе го доврши својот настап на Копа Америка, каде што атакува на титула со својата Аргентина.

За првпат од 14 декември 2000 година, кога Меси уште како 12-годишно дете го потпиша првиот договор со Каталонците, веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња, е без клуб, што е доста чудно со оглед на тоа дека целата кариера ја помина на „Камп ноу“.

Додека тој ја брани честа на Гаучосите на јужноамериканското првенство, управата на Барселона е сигурна дека ќе дојде до продолжување на соработката на најмалку уште две години.

Извори блиски до претседателот Лапорта неколкупати тврдеа дека обновата веќе е договорена и се чека Меси да се врати од репрезентативните обврски за да се обелоденат вестите кои навивачите на шпанскиот гигант со нетрпение ги очекуваат.

 

- Оглас -

Најнови вести