Меси е херој на неделата: Му го разубави животот на 10-годишен навивач на Арсенал

Лионел Меси уште еднаш покажа дека е повеќе од само генијален фудбалер. Аргентинецот му го разубави животот на едно 10-годишно момче кое имаше големи проблеми со видот. OrCam MyEye е револуционерен уред дизајниран за лица со оштетен вид. Лесната камера на „паметните очила“ во момент може да го прочита напишаниот текст на било каква површина, може да препознава лица, производи, па и пари. Цената на таквиот производ е неколку илјади евра.

Уште пред да почне пандемијата со Коронавирусот, Меси запозна 12 луѓе со оштетен вид, на кои им подели такви очила и со нив играше фудбал.

„Тоа беше неверојатно искуство Јасно се гледа дека тој уред драстично им го менува животот на овие луѓе“, рече тогаш Меси.

Според англиските медиуми, Меси таков уред му подарил и на едно 10-годишно слепо момче кое е голем навивач на Арсенал. Освен на ова детенце, Меси во блиска иднина треба да прати уште неколку уреди за оние на кои тоа им е потребно.

 

- Оглас -

Најнови вести