Меси е мотивиран, прави лизгачки стартови, финти, но знае и да утне (Видео)

Тренинзите на аргентинската фудбалска репрезентација во пресрет на Копа Америка се снимани од камери на телевизиите, а, секако, во центарот на вниманието е главната ѕвезда Лионел Меси. Се гледа дека Меси е максимално мотивиран да му помогне на својот национален тим по 26 години да освои еден важен трофеј.

Аргентина првиот меч на Копа го игра в сабота, против Колумбија.

„Гаучосите“ знаат и да се забавуваат, па  Серхио Агуеро по грешка мораше да врти круг од играч до играчи и од сите да добие по една клоца.

Меси се истакна со лизгачки старт, нешто што ретко се гледа од него, а реткост е и утката која ја имаше со шут од 7-8 метри.

При крајот, откако со финта ги легна „противничкиот“ играч и голманот, се најде во 100-отстотна шанса, но не ја искористи, што е за чудење бидејќи Лео ретко греши кога ќе се најде во ваква позиција. Сепак, и тој е човек од крв и месо.

https://www.youtube.com/watch?v=hfOFuD3CrDY

- Оглас -

Најнови вести