Меси е во Барселона, но засега само на поминување

Навивачите на Барселона се пресреќни кога го видоа Лионел Меси како со семејството слетува на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона и веруваа дека аргентинската мегаѕвезда и најголем фудбалер во историјата на каталонскиот гигант е дојден за да потпише нов договор, но засега тоа нема да се случи.

Меси пред 63 дена си замина од Барселона и по два месеци, повторно е таму. Лео со сопругата и синовите, кои досега беа на одмор во Мајами, попладнево се упатија на нов одмор, овојпат на Ибица.

Шпекулациите на шпанските медиуми се дека Меси ќе остане неколку дена на Ибица, а потоа ќе потпише договор, по што најрано на 2 август ќе му се приклучи на тимот во подготовките за новата сезона. На 8 август, Барселона треба да игра со Јувентус и можно е Меси да се појави на терен.

- Оглас -

Најнови вести