Меси е втор, а кој е најлојалниот активен фудбалер во Европа?

Лионел Меси важи за еден од најлојалните активни фудбалери во Европа, меѓутоа на оваа листа капитенот на Барселона не е на врвот. Иако на „Камп ноу“ е речиси две децении, или поточно 16 години, 7 месеци и 25 дена, Лео е втор најлојален фудбалер зад голманот на ЦСКА Моква, Игор Акинфеев.

Рускиот чувар на мрежата е фудбалерот со најдолг стаж во еден клуб на Стариот Континент. За Армејците настапува од 2002 година кога ја почна професионалната кариера во матичниот клуб, по што Акинфеев брои повеќе од 600 настапи за ЦСКА досега.

Меси во 2001 година се приклучи на „Ла масија“ школата на Барселона, а од своето деби во 2004 година па досега, настапи на повеќе од 700 натпревари за Каталонците, при тоа постави бројни рекорди и освои над 30 титули и шест Златни топки, меѓу другото.

Верноста на Меси кон Барселона засега е на раб да заврши, Аргентинецот посакува да замине од Каталонија. Во Sport Life, квотата за Меси да остане во Барселона е 2.25.

Предводена од Акинфеев и Меси, листата од топ 5 најлојални фудбалери изгледа вака:

Игор Акинфеев, ЦСКА Москва – 17 години, 7 месеци и 25 дена

Лионел Меси, Барселона – 16 години, 7 месеци и 25 дена

Марк Нобл, Вест хем – 16 години, 7 месеци и 25 дена

Серхио Алварес, Селта Виго – 16 години, 1 месец и 26 дена

Ојер Санхуро, Осасуна – 15 години, 1 месец и 26 дена.

- Оглас -

Најнови вести