Меси го игнорира Гриезман, ниту му прозборе, ни рака да му подаде (Видео)

Не е тајна дека Лионел Меси повеќе би сакал во Барселона да се врати Нејмар, отколку што дојде Антоан Гриезман, а на треофејот Гампер кога каталонците играа со Арсенал, Аргентинецот со серија потези, отворено му даде до знаење на новиот играч што мисли за него.

Кога излезе од игра и тргна кон своето седиште на клупата, Французинот се поздрави со сите на клупата, освен со Меси, кој го сврте погледот на друга страна. Потоа иако седеа еден до друг, тие воопшто не разговараа, а Лео се сврте кон другите кои седеа на клупа и разгивараше со нив, се смееја, додека Гриезман се чувствуваше непријатно и отфрлено на крајот од клупата.

https://twitter.com/i/status/1158388658229194752

- Оглас -

Најнови вести