Со трите гола против Боливија, Аргентинецот Лионел Меси стигна до бројка од 79 погодоци за националниот тим и стана најефикасен фудбалер од Јужна Америка по број на голови за репрезентацијата. Досега првото место го држеше Кралот на фудбалот, Пеле, кој за Бразил даде 77 гола.
Според просекот, Пеле е многу поуспешен. Меси своите 79 гола ги даде на 153 меча, а Пеле своите 77 гола ги даде само на 92 средби во дресот на Кариоките. Повеќе голови за репрезентација од Меси имаат давано само Португалецот Кристијано Роналдо (111) и Иранецот Али Даеи (109).
Од 79-те голови на Меси за Аргентина, 22 се од пенал, 8 од слободни удари, два со глава. Тој е убедливо прв во аргентинската селекција. Вториот Габриел Батистута има 54.