Меси и дружината одбија 50 отсто кратење на платите, сега може да останат без 70 отсто од платите

Поради пандемијата од Коронавирусот, многу клубови се присилени да бараат од фудбалерите да се откажат од поголем дел од своите плати. Дека и европските гиганти не се имуни на финансиската криза, се виде во Барселона. Претседателот на шпанскиот првак Јосеп Бартомеу побара од фудбалерите да се откажат од 50 отсто од платите, но наиде на негативен одговор од Лионел Меси и останатите.

Сепак, можно е Барселона да им ги скрати платите на фудбалерите и до 70 отсто затоа што тоа го дозволуваат шпанските закони. Според законот во земјата, во време на пандемија или слични ситуации, платите може да бидат намалени и до 70 отсто. Доколку не наиде на компромис, Бартомеу може на правна основа да ги намали палтите на Меси и останатите и до 70 отсто.

Засега не се знае која е крајната одлука на фудбалерите и како ќе заврши кризата во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести