Меси и Нејмар си поиграа фудбал (видео)

ПСЖ предводен од Нејмар и Меси тргна со огромни 5-0 против Клермон во одбрана на титулата во Лига 1. Напаѓачкото дуо премногу се забавуваше на теренот, сите пет гола се во режија на мегаѕвездите на шампионот.

Нејмар го скрши мразот во деветата минута по необјаснивата асистенција на Меси, Аргентинецот со свртен грб успеа да ја поткрене топката со пета и да му ја сервира на клупскиот другар.

Нејмар потоа ги намести погодоците на Хакими во 26-тата и Маркињос во 38-та минута, за хет-трикот од асистенции да го комплетира враќајќи му на Аргентинецот со наместен гол за 4-0 по 80 минути игра.

Шлагот на тортата беа ножичките на Меси за конечни 5-0 во последните пет минути од натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести