Меси и Суарес стрелаа, Интер Мајами се врати на победничките патеки (Видео)

Серијата од пет натпревари без победа за екипата на Интер Мајами конечно заврши синоќа. „Виолетовите“ победија со 2-3 на гостувањето кај Спортинг Канзас сити и тоа пред се благодарение на тандемот Меси – Суарес.

Сепак, домашните први дојдоа во во водство уште во третата минута, а израмни Гомес во 18-тата. Во 51-вата минута Интер Мајами прави пресврт со прекрасниот погодок на Лионел Меси, но само седум минути подоцна, Канзас израмни.

Голот за победа на Интер Мајами беше дело на Луис Суарес во 71-вата минута.

- Оглас -

Најнови вести