Меси и Тринкао беа џокери за победа на Барса против Бетис (Видео)

Лионел Меси и Франсиско Тринкао беа силните џокери од клупата на Барселона, а и двајцата постигнаа по еден гол, клучни во победата на Каталонците од 3:2 против Бетис.

Интересно е што и двајцата влегоа во игра во 57-мата минута при резултат од 1:0 за Бетис и го одлучија мечот во Севилја.

Меси постигна гол само по 120 секунди откако влезе во игра и тоа му е 22-ри погодок на 22 дуели што ги играл против Бетис, или по еден во просек.

Тринкао го имаше последниот збор на дербито во Ла Лига и со еврогол во 87-мата минута ѝ донесе три бода на Барселона.

https://twitter.com/FootballFactly/status/1358534011526680577?s=20

Претходно Борха Иглесијас со погодок во 38-ната минута му донесе предност на Бетис од 1:0, а потоа Руиз си постигна и авотогол, но и гол во мрежата на Барселона за 2:2 до 87-мата минута, кога Тринкао погоди по 16 меча пост во дресот на Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести