Меси изненади со објава на социјалните медиуми

Денеска мајката на Лионел Меси полни 61 години, а суперѕвездата на Барселона одлучи да направи нешто што досега никогаш не го направил, а тоа е на мајката да ѝ честита роденден преку социјалните мрежи.

Меси никогаш им нема честитано роденден преку социјалните мрежи на ваков начин ни на сопругата Антонела, ни на децата Тијаго, Матео и Чиро, ни на татко му Хорхе. Затоа госпоѓата Селија Марија Кучитини која го роди генијалниот фудбалер пред 33 и пол години, е првата личност која доби ваква честитка.

„Среќен роденден мамо. Те сакам“ – напиша Меси во објавата на која има и заедничка слика со мајка му, фотографија која е направена во летниот период.

Барселона утре игра лигашки меч со Елче, а поради суспензија, Меси нема да биде во составот на каталонците.

- Оглас -

Најнови вести