Откако Лионел Меси одлучи да остане во Барселона, сега тој силно лобира за останување и на неговиот пријател Луис Суарес, а откако пропадна трансферот на Уругваецот во Јувентус, ништо чудно и тоа да се случи. Иако управата и тренерот на Барселона инсистираа да се разделат со Суарес, зборот на Меси е пресуден.
И на Меси и на Суарес договорите со Барса им истекуваат следното лето. Се шпекулира дека Суарес сака да си оди и да ја добие целата годишна плата од Каталонците, па да си замине во Атлетико Мадрид како слободен, но управата го одбива тоа и сака да го продаде во клуб кој би платил обесштетување. Слично беше и со Меси.
Роналд Куман не го повика Суарес на синоќешниот пријателски меч против Жирона, но по мечот, холандскиот стручњак кој бараше да се донесе Мемфис Депај, но не му беше исполнета желбата бидејќи клубот нема пари, даде изјава дека ако Суарес остане, ќе биде еднаков како сите други и нема да биде тргнат настрана. Меси и Суарес се двајца од тројцата најдобри стрелци во историјата на Барселона, па до 5 октомври, кога завршува преодниот рок, можно е Суарес да одлучи да остане во клубот.