Меси му се придружи на Кристијано Роналдо – влезе во клубот на милијардерите

Според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, официјално стана дел од клубот на милијардери и така е само вториот фудбалер во историјата што го достигнал овој статус, по Кристијано Роналдо.

Според индексот на милијардери на „Блумберг“, Меси од 2007 година досега заработил повеќе од 700 милиони долари само од плати и бонуси.

Откако биле пресметани даноците, пазарните промени, како и приходите од инвестиции и спонзорски договори, проценката е дека нето богатството на капитенот на Интер Мајами надминало една милијарда долари.

Со тоа, Аргентинецот се израмни со ѕвездата на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, кој прв стана фудбалски милијардер по трансферот во саудискиот клуб во 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести