Меси на продолжен зимски распуст, нема да игра против Ејбар

Лионел Меси, капитенот на Барселона, не се појави на денешниот тренинг на екипата. Мегаѕвездата на Каталонците остана во родниот Розарио во Аргентина, каде што со своето семејство го прослави католичкиот Божиќ.

За разлика од останатите играчи, Меси доби повеќе од четири дена одмор за празниците и дефинитивно нема да биде во составот на Куман за дуелот против Ејбар во рамките на 16-тото коло во Ла Лига, кој е закажан во вторник.

Без помошта од најдобриот играч во екипата, Барселона ќе атакува на осма овосезонска победа во шпанското првенство.

Инаку, Меси досега запиша вкупно 18 настапи во сите натпреварувања, со учинок од 10 погодоци и пет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести