Меси? Не е ниту меѓу десетте најуспешни изведувачи на слободни удари

Лионел Меси не е ниту меѓу десетте најдобри изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот. Според головите постигнати од таков прекин, „крал на слободните удари“ е Бразилецот Жунињо.

Меси на последните три меча од шпанската лига даде три гола од слободни удари, што е за пофалба, но статистички тој е далеку од најдобар на сите времиња. Всушност, не е ниту меѓу десетте најдобри по бројот на голови од слободни удари. Повеќе голови од слободен удар од Меси има дадено и голманот Сени.

Легендарниот Жунињо, кој во Европа најдобро е познат од времето кога играше за Лион, е најдобриот изведувач на слободни удари. Тој даде дури 77 гола од таква позиција. Меси има „само“ 47. Повеќе од него има и Кристијано Роналдо (53), кој одамна нема погодено од слободен удар.

Зад Жунињо се: Пеле (70), Роналдињо (66), Виктор Легротаље (66), Дејвид Бекам (65), Диего Марадона (62), Зико (62), Роналд Куман (60), Рожерио Сени (59) и Марселињо Кариока (59).

 

- Оглас -

Најнови вести