Меси предводи неверојатна листа на играчи кои од петок може бесплатно да потпишат за друг клуб!

Со доаѓањето на 2021 година се означува и стартот на зимскиот преоден рок, а ова може да биде еден од најинтересните трансфер-периоди во фудбалот. Според договорите кои ги имаат фудбалерите, оние играчи чии договори завршуваат на крајот од сезоната, сега од 1 јануари ќе може слободно да почнат да преговараат со други клубови.

Најзначајното име кое на крајот од годината е слободен играч е Лионел Меси. Капитенот на Барселона цела кариера е во каталонскиот гигант, а многу веројатно е дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот. Освен Меси, долга е листата на фудбалери на кои на крајот од сезоната ќе им истече договорот и потоа може бесплатно да го сменат клубот.

Освен Меси, на крајот од сезонава им истекуваат договорите на уште многу познати фудбалери, меѓу кои се: Серхио Агуеро, Месут Озил, Давид Алаба, Мемфис Депај, Анхел ди Марија, Серхио Рамос, Оливие Жиру, Џеси Лингард…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sky Sports (@skysports)

 

- Оглас -

Најнови вести