По четири години, Меси реши да го промени имиџот (Фото)

Во изминатиов период Лионел Меси беше препознатлив по својот имиџ, а тоа беа брадата и мустаќите. Во време на корона-вирусот, Аргентинецот реши да направи промена и по четири години се одлучи комплетно да се избричи.

Меси на вчерашниот тренинг се појави без брада и мустаќи и ги изненади сите соиграчи. Капитенот на Барселона во досегашниот дел од сезоната на 31 меч даде 24 погодоци, а имаше и 16 асистенции. Меси и соиграчите неодамна ги започнаа тренинзите како подготовка за продолжување на сезоната, која беше прекината поради корона-вирусот пред два месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

- Оглас -

Најнови вести